Во Бугарија фатен осомничениот за убиството на новинарката Маринова

Според досегашните наоди и докази осомничениот е 21 годишниот Северин Красимиров

Во Бугарија фатен осомничениот за убиството на новинарката Маринова

Осомниченото лице за убиството на новинарката Викторија Маринова на 6 октомври во градот Русе во североисточна Бугарија беше фатено и приведено во Германија.

Премиерот Бојко Борисов на заедничката прес конференција со републичкиот главен јавен обвинител Сотир Цацаров и министерот за внатрешни работи Младен Маринов што ја одржаа во Владиниот центар рече дека осомничениот е 21 годишниот Северин Красимиров.

Главниот јавен обвинител Цацаров во врска со убиството рече дека биле истражени сите професионални и приватни причини кои би можеле да бидат причина за убиството, но дека според досегашните наоди, случајот претставува „моментален настан“.

Според информациите, новинарката Маринова била нападната за време ан рутинското трчање покрај по кејот на реката Дунав. Красимиров бил поранешен боксер и пред да прејде во акција консумирал висока количина алкохол.

Главниот јавен обвинител Цацаров пак рече дека во случај да се докаже дека напаѓачот извршил сексуален напад врз новинарката Маринова и ја убил со тупаници, ќе може да добие најмалку 20 години казна затвор или доживотна робија.

Премиерот Бојко Борисов рече дека според резултатите од ДНК тестовите, Красимиров 100 посто е убиецот на Маринова. Северин Красимиров на 7 октомври заминал за Германија каде што живее мајка му. По исказот што ќе го даде пред германскиот суд, Красимиров се очекува да бдие испратен за Бугарија поради што продолжуваат процедурите на тоа поле.

Новинарката Маринова работеше за ТВ-канал „ТВН“ во Русе.



Слични вести