Европската комисија ја верифицира јавната поддршка на гасоводот меѓу Грција и Бугарија

Со проектот се планира да се изгради гасовод од 182 км меѓу грчкиот град Ѓумулџите (Комотини) и бугарскиот град Стара Загора.

Европската комисија ја верифицира јавната поддршка на гасоводот меѓу Грција и Бугарија

Европската комисија ја верифицира одлуката за обезбедување јавна поддршка на гасоводот кој се планира да се изгради меѓу Грција и Бугарија.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Европската комисија беше истакнато дека проектот кој ќе ја безбедноста во снабдувањето со енергија и соработката меѓу двете земји, беше оценета за хармонична со правилата за поддршка на ЕУ.

Со проектот се планира да се изгради гасовод од 182 км меѓу грчкиот град Ѓумулџите (Комотини) и бугарскиот град Стара Загора.

Цената на чинење на проектот изнесува 240 милиони евра и се очекува да биде пуштен во употреба во 2021 година. Гасоводот ќе има годишен капацитет на пренесување на природен гас од околу 3 милијарди метри кубни.

Правото за определување на овластувањето за начинот на поддршката што ќе ја пружат земјите членки се наоѓа во доменот на Европската комисија.

Земјите членки на ЕУ јавната поддршка можат да ја користат во случаи да не нанесат штета на конкуренцијата  и ситуации поволни на јавната корист.



Слични вести