На меѓународниот саем за текстил во Пловдид учествуваа 97 фирми од 7 земји

Во Бугарија делуваат над 5 илјади фирми во текстилниот сектор кои обезбедуваат вработување за над 100 илјади лица

На меѓународниот саем за текстил во Пловдид учествуваа 97 фирми од 7 земји

Турските форми покажаа големо интересирање кон меѓународниот саем за текстил во бугарскиот град Пловдив.

На меѓународниот саем за текстил „Tex Tailor Expo 2018“ што се отвори во Центарот за саеми на Пловдид учествуваа 97 фирми од 7 земји.

На саемот кој ќе трае три дена, освен презентацијата на моделите на младите дизајнери и креатори  дефилиња ќе бидат промовирани и новите технологии во текстилниот сектор.

Заменик министерот за економија на Бугарија Личезар Борисов изрази големо задоволство од големото учество и интересирање на турските фирми кон саемот.

Во Бугарија делуваат над 5 илјади фирми во текстилниот сектор, рече Борисов и додаде дека овие фирми обезбедуваат вработување за над 100 илјади лица.

Генералниот директор на саемот Иван Соколов истакна дека текстилната индустрија на Турција е многу силна и дека учество на турските фирми на саемот има големо значење.

Претставникот на турските фирми кои учествуваа на саемот Ѓокхан Елчи рече дека бугарскиот пазар има големо значење за турските фирми.

Особено од текстилен аспект со Бугарија имаме трговија од околу 680 милиони долари. Спремни се и сакаме оваа бројка да ја зголемиме.

Бугарија е позната како земја база на текстилното производство на Европа. Планираме постепено да ја зголемиме трговијата. На Бугарија сметаме како на значајна порта која се отвора кон Европа, рече Елчи.



Слични вести