Формирањето армија на Косово може да предизвика воена интервенција од страна на Белград

Парламентот на Косово на седницата на генералното заседание на 14 декември ќе гласа за трансформирање на воените единици од 4 илјади војници со лесно оружје во редовна армија

kosova asker.jpg

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ предупреди дека евентуалното формирање армија на Косово може да предизвика воена интервенција на Белград.

На прес конференцијата во Белград Брнабиќ рече:

„Владата никогаш нема да издаде наредба за овој вид интервенции, но за да не бидеме гледачи на евентуално етничко чистење, оваа солуција е само едната од оние кои што се наоѓаат на масата“.

Парламентот на Косово на седницата на генералното заседание на 14 декември ќе гласа за трансформирање на воените единици од 4 илјади војници со лесно оружје во редовна армија.

Српските политичари постојано го изнесуваат тврдењето дека во случај на формирање редовна армија, постои веројатност за присилно иселување на српското малцинство кое остана на Косово со посредство на армијата.

Косовските власти кои вложуваат напори за придобивање на поддршката на САД и ЕУ, во изјавите што ги изнесуваат во врска со тврдењата, се спротивставуваат на истите.

Косово кое самостојно се одвои од Србија и на 17 февруари 2008 година ја прогласи независноста, досега е признаето од страна на над 100 земји во светот.

Додека Србија на Косово сеуште смета како на своја територија, покрај тоа што не ја признава независноста на оваа земја, во рамките на процесот на дијалог со посредничката улога на ЕУ продолжува да седнува на маса со косовските власти.

На 19 април 2018 година во Брисел беше потпишан историскиот договор како што се оценува од страна на Брисел и меѓународната заедница договорот за нормализирање на односите меѓу двете земји



Слични вести