Унгарија ја поддржува членството на Македонија и БиХ во НАТО

На билатералната средба со македонскиот министер за надворешни работи, Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто ја повтори поддршката на Унгарија на Скопје на патот за евроатлански интеграции

Унгарија ја поддржува членството на Македонија и БиХ во НАТО

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто рече дека неговата земја го поддржува членството на Македонија и Босна и Херцеговина во НАТО.

Сијарто кој учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Виена истакна дека Македонија презеде сериозни чекори на патот за пристапување во НАТО, додавајќи дека по решавањето на спорот со името со Грција во кануари или февруари, очекува да стане членка на Алијансата.

На билатералната средба со македонскиот министер за надворешни работи Сијарто ја повтори поддршката на Унгарија на Скопје на патот за евроатлански интеграции и додаде:

"Македонија уште од поодамна требаше да биде членка на НАТО. Само досегашните напори се доволни за нејзиното членство" рече шефот на дипломатијата на Унгарија.

Тој истакна дека нерешените проблеми во Западен Балкан предизвикуваат големи тешкотии, потенцирајќи дека единственото решение за тоа е интензивирањето на процесот на интеграција во евроатлантските организации.

Сијарто истакна дека БиХ географски е блиска земја до Унгарија, поради што воспоставувањето на стабилноста во оваа земја има големо значење за Унгарија. Официјална Будимпешта го поддржува членството на БиХ во НАТО, подвлече Сијарто.

Македонија доби покана за влез во Пактот на НАТО во јули, додека министрите за надворешни работи на состанокот на денешната седница ја одобрија првата годишна национална програма на БиХ, со која ја донесоа кандидатурата на Босна и Херцеговина за Акциониот план за членство (МАП) во НАТО.



Слични вести