7 години од смртта на Рауф Денкташ, основачкиот претседател на Турската Република Северен Кипар

Со комеморација беше потсетено на 7-годишнината од смртта на претседател Рауф Денкташ кој располага со значајно место во борбата за слобода на кипарскиот турски народ

7 години од смртта на Рауф Денкташ, основачкиот претседател на Турската Република Северен Кипар

Се одбележуваат 7 години од смртта на основачкиот претседател на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Рауф Денкташ.

Со комеморација беше потсетено на 7-годишнината од смртта на претседател Рауф Денкташ кој располага со значајно место во борбата за слобода на кипарскиот турски народ.

Порака по повод одбележувањето на годишнината од смртта на лидерот на кипарската кауза Рауф Денкташ објави и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Ердоган во објавата што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша: „Со почит и милост се потсетувам на основачкиот претседател на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), предводникот на кипарската кауза Рауф Раиф Денкташ, на 7'мата годишнина од неговата смрт.“

Рауф Денкташ е роден на 27 јануари 1924 година во областа Баф на островот Кипар. За основно училиште во 1930 година е испратен во Истанбул. Потоа се враќа на Кипар и во 1941 година дипломира од англиското училиште во Лефкоша.

Рауф Денкташ потоа почнува да пишува текстови во весникот „Народен гас“ во сопственост на доктор Фазил Ќучукл, лидерот на борбата за слобода на кипарскиот турски народ.

Денкташ, извесно време работи како преведувач во Газимагуса, службеник во судовите и наставник во англиското училиште, а во 1944 година заминува за Англија на студии по право во Линколн'с Инн. Во 1974 година се враќа на островот каде што работи како адвокат и јавен обвинител. Во 1956 година е унапреден до главен јавен обвинител.

Во 1949 година е оженет со Ајдин Денкташ, од 1955 година стана предводник на кипарските Турци во борбата против Еносис, идеалот за припојување на островот кон Грција и против терористичката организација ЕОКА.

Денкташ на 1 август 1958 година го формира Турското здружение за отпор (ТМТ) и протестираше против нападите на кипарските Грци врз турските села на островот.

Истата година е избран за претседател на Собранието на турската заедница и на Извршниот комитет. На 16 август 1960 година турскиот полк составен од 650 лица стапна нога на пристаништето Магуса. По настаните од 1963 година Денкташ дојде на разговори во Анкара. Потоа со кајче премина на Кипар и почна да го организира турскиот отпор.

По Конференцијата во Лондон во 1964 година од страна на првиот лидер на кипарско-грчкиот дел Макариос беше прогласен за непожелна личност и во 1967 година кога се обиде да дојде тајно на островот беше уапсен. На крајот на преземени интензивни иницијативи и беше предаден на Турција. Во 1968 година откако беше укината забраната за влез на Кипар се врати на островот.

Рауф Денкташ во 1968 година ги започна првите преговори за решавање на кипарскиот проблем и долги години преговараше со поранешните кипарско-грчки лидер Спирос Кирпијану, Јоргос Василиу, Глафкос Клеридес и Тасос Пападопулос.

Н одржаните избори во 1970 година Рауф Денкташ беше избран за претседател на Собранието на турската заедница и на тој начин се впушти во политичкиот живот. До 1973 година ја извршуваше должноста потпретседател на Кипар и должноста претседател на турската управа на Кипар, а на 13 февруари 1975 година по прогласувањето на турската федерална држава на Кипар ги презеде должностите претседател на државата и на собранието. 

Рауф Денкташ согласно уставот на изборите во 1976 година стана претседател на државата и на одржаните избори во 1981 година по втор пат дојде на власт. на 15 ноември 1983 година по прогласувањето на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Денкташ беше назначен на должноста основачки претседател, а на одржаните избори во 1990 и 1995 година беше избран по втор и трет пат за претседател на државата.

Рауф Денкташ почина на 13 јануари 2012 година на 88 годишна возраст.

 



Слични вести