Ципрас: Договорот од Преспа е „историски, корисен од национален аспект и патриотски договор“

Грчкиот премиер Алексис Ципрас истакна дека Договорот од Преспа за решавање на „спорот за името“ со Македонија е „историски, корисен од национален аспект и истовремено патриотски договор“

Ципрас: Договорот од Преспа е „историски, корисен од национален аспект и патриотски договор“

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во говорот што го одржа на една панел-дискусија во главниот град Атина, а во врска со Договорот од Преспа истакна дека владата по ова прашање презеде историска одговорност и политичка цена со што го направи својот избор во полза на стабилноста и соработката во региониот и на страната на националните интереси на Грција.

Како што рече Ципрас, тоа ќе продолжи до крај и напомена дека Договорот од Преспа за решавање на „спорот за името“ со Македонија е „историски, корисен од национален аспект и истовремено патриотски договор“.

Велејќи дека со договорот Грција и Македонија од период исполнет со конфликти (спорови) кој што траеше долги години преминаа во период на мултилатерална соработка и заеднички развој, Ципрас рече: „Овој договор истовремено содржи и една значајна порака за денешницата. Тој покажува дека, во најтешки услови, колку и да се моќни тие, свртувајќи им грб на екстремно десничарските и националистичките движења, можема да ги заздравиме нашите стари рани. Ние имаме храброст да го направиме тоа.“

Ципрас истакна дека некои средини внатре во земјата, ширејќи лажни вести, се противат на договорот со Македонија и дека со усмерувањата на екстремно десничарските и религиозните средини се поставува на мета СИРИЗА.

Велејќи дека цел на овие средини не е Владата, туку демократијата, Ципрас рече: „Тие не можат да не заплашат. Пратениците во Парламентот ќе гласаат според нивната сопствена совест, во правец на националните интереси.“

Грчкиот премиер Алексис Ципрас напомена дека постигнатиот договор со соседна Македонија е „историски, корисен од национален аспект и истовремено патриотски договор“, по што својот говор го продолжи со следните зборови:Бидејќи вистински патриотизам не е да чувствуваш омраза кон татковината на другите, кон оние кои се наоѓаат покрај тебе. Вистински патриотизам е да водиш борба, да ја истакнеш на преден план твојата татковина на полето на мирот, соработката и економскиот просперитет.“



Слични вести