Започна Вевчанскиот карневал кој важи за еден од најстарите во Македонија

Учесниците на фестивалот со посредство на маските и костумите се осврнаа на промената на името на државата во Република Северна Македонија, патот за пристапување во НАТО и ЕУ како и другите актуелни случувања

Започна Вевчанскиот карневал кој важи за еден од најстарите во Македонија

Според преданијата и верувањето, карневалот во Вевчани датира од пред 1400 години и привлекува големо внимание со интересните маски и разнобојни костуми. Присутните и гостите имаа можност разноликоста на карневалот да ја доживеат со маршот на жителите на селото Вевчани кој го одржаа со маски на лицето.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во говорот на свеченото отворање на карневалот рече дека денес е ден на веселба. Чувствувам голема гордост од свеченото отворање на овој фестивал кој никогаш не се затвори.

Градоначалникот на Вевчани Сашо Јанковски рече дека покрај тоа што во организирањето на фестивалот се соочиле со одредени тешкотии, истите ги надминале со голем ентузијазам.

Учесниците на фестивалот со посредство на маските и костумите се осврнаа на промената на името на државата во Република Северна Македонија, патот за пристапување во НАТО и ЕУ како и другите актуелни случувања.

Главните маски на карневалот „младоженецот“ и „невестата“ ги посетуваат 700-те куќи во селото и собираат помош.

Карневалот ќе заврши денес со традиционално палење на маските.



Слични вести