Кошаркарот Семјуел Мејиа вистински пријател на Турција

Кошаркарот на Тофаш американец од доминиканско потекло Семјуел Мејиа веќе 5 години со своето семејство води среќен живот во Турција

Кошаркарот Семјуел Мејиа вистински пријател на Турција

Мејиа во 2012 година беше трансфериран во Банвит и тогаш пристигна во Турција,каде помина 5 спортски сезони.

Пред да пристигне во Турција тој играл во неколку клуба во Австралија, за подоцна да пристигне во Турција и да го облече дресот на Банвит.

 

Мејиа вели дека пред да допатува во Турција немал многу знаења за земјата, но веднаш откога дошол се вљубил во Турција. Кошарката е многу популарна,а што е уште поважно се заљубив во турската култура и во луѓето. Долго сум тука и многу ја сакам Турција,ги сакам луѓето, нивното гостопримство бидејќи каде и да одам се чувствувам како дома. Турците по природа се мирни и комотни,вредни и трудољубиви,што ме тера да ги почитувам повеќе.

За терористичките настани во Турција вели дека многу жали но дека такви настани нема само во Турција туку насекаде во светот.

Ми се допаѓа реакцијата на Турците по овие настани.Тие не се предаваат на тероризмот,туку продолжуваат со секојдневниот начин на живот без страв,што особено го почитувам кај нив.Секако дека во овие тешки времиња секој е загрижен,особено јас, пред се поради моето семејство, сопругата и децата.Сепак  убеден сум дека доброто ќе преовладее над лошото и дека во светот повторно ќе владее рамнотежа.

Мејиа вели дека неговото семејство исто така е многу задоволно од животот во Турција и дека и сопругата и двете деца учат турски.

Американскиот кошаркар на крајот ги изрази своите желби за мир,среќа и спокојство на Турција.



Слични вести