Кристијано Роналдо, најдобар фудбалер на светот за 2016 година

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо (Реал Мадрид) ги остави зад себе аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси (Барселона) и француската фудбалска ѕвезда Антоан Гризман (Атлетико Мадрид) и беше избран за најдобар фудбалер за 2016 година

Кристијано Роналдо, најдобар фудбалер на светот за 2016 година

За најдобар фудбалер на Светската фудбалска федерација ФИФА за 2016 е избран португалската фудбалска ѕвезда на шпански Реал Мадрид Кристијано Роналдо.

Церемонијата на премиерата на која од страна на ФИФА беа соопштени најдобрите во 2016 година се одржа во швајцарскиот град Цирих. 

Водители на церемонијата на доделување на наградите беа американската актерка Ева Лонгорија и спикерот на германската телевизија Марко Шрејл.

На крајот на гласањето што се одржа со учество на технички директори на фудбалски репрезентации и капетани, група избрани претставници на печатот и со учество на народот фудбалската ѕвезда на шпанската екипа Реал Мадрид  ја доби наградата најдобар фудбалер на годината. 

Роналдо ги остави зад себе аргентинската фудбалска ѕвезда на шпанскиот клуб Барселона Лионел Меси и француската фудбалска ѕвезда на исто така шпански Атлетико Мадрид Антоан Гризман.

За најдобри фудбалери на 11-ката на годината која што е составена од страна на Светската фудбалска федерација ФИФА и Меѓународната унија на професионални фудбалери ФИФАпро се избрани:

Голман: Мануел Ноер (Баерн Минхен)

Одбрана: Џерар Пике (Барселона), Дани Алвес (Јувентус), Серхио Рамос и Марсело (Реал Мадрид)

Средина: Андрес Иниеста (Барселона), Лука Модриќ и Тони Крос (Реал Мадрид)

Напад: Лионел Меси, Луис Суарез (Барселона), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид)

За технички директор на годината е избран италијанскиот технички директор на Лестер Сити кој минатата сезона стана шампион во англиската Премиер лига Клаудио Раниери кој ги остави зад себе францускиот технички директор на шпански Реал Мадрид Зинедин Зидан и португалскиот технички директор на португалската репрезентација Франанди Сантос.

Наградата Пушкаш за најубав гол во 2016 година ја доби малезискиот фудбалер Мохд Фаиз Субри за постигнатиот гол на мечот помеѓу неговиот тим Пенанг и Паханг во малезиската Суперлига.

Наградата за ферплеј на ФИФА ја доби колумбискиот тим Атлетико Национал кој пак предложи трофејот во Купот Судамерикана да му се додели на бразилскиот тим Шапекоенсе чиј скоро цел тим загина во авионска несреќа.

Наградата за навивачи на ФИФА ја добија навивачите на англиски Ливерпул и германски Борусија Дортмунд кои навиваа заеднички.

Наградата за извонредна кариера на ФИФА пак ја доби бразилскиот футсал играч Фалкао.



Слични вести