Утре во 22.00 часот Фенербахче Догуш ќе игра против Бросе Бамбург

Жолто-сината екипа предводена од селекторот Жељко Обрадовиќ минатата недела на домашен терен ја порази шпанската екипа Валенција со резултат од 79-66

Утре во 22.00 часот Фенербахче Догуш ќе игра против Бросе Бамбург

Во рамките на 6-то коло на квалификационите натпревари во кошарка на Европската лига „Туркиш ерлајнс (ТХЈ)“, утре во 22.00 часот екипата на Фенербахче Догуш во гости ќе игра против германската екипа Бросе Бамбург.

Натпреварот ќе се одигра во салата Бросе и ќе започне во 22.00 часот според турско време.

Последниот шампион на Европската лига ТХЈ, екипата на Фенербахче Догуш на изминатите пет натпревари постигна 3 победи, 2 пораза.

Жолто-сината екипа предводена од селекторот Жељко Обрадовиќ минатата недела на домашен терен ја порази шпанската екипа Валенција со резултат од 79-66.

Германската екипа Бросе Бамберг пред натпреварот исто како и Фенербахче Догуш има три победи.

Екипте на Фенербахче и Бросе Бамберг претходно имаат одиграно четири натпревари. Жолто-сините досега извојуваа три победи, а еднаш беа поразени.



Слични вести