Пјонгчанг од денеска до 25 февруари е домаќин на 23. Зимски олимписки игри

Турскиот репрезентативец во скијачки скокови 20 годишниот Фатих Арда Ипекчиоглу на првиот ден од натпреварите скокна на далечина од 79 метри и обезбеди 68,2 поени.

Пјонгчанг од денеска до 25 февруари е домаќин на 23. Зимски олимписки игри

Јужнокорејскиот град Пјонгчанг од денеска до 25 февруари е домаќин на 23. Зимски олимписки игри.

Пјонгчанг има околу 43.000 жители и се наоѓа 126 километри источно од Сеул.

Просечната максимална температура на воздухот во Пјонгчанг за време на ЗОИ се очекува да изнесува 1,6 степен, а просечната минимална минус 8,3 степени.

Маскота на овие игри е бел тигар со име Сохоранг, кој е поврзан со корејската митологија и култура. Официјалниот слоган е „Поврзани со страст“.

На Олимпијадата пријавени за настап се 2.925 спортисти и повеќе од 3.500 официјални лица од 93 земји. Најмногуброен тим има САД со 242 олимпијци, втора е Канада со 226, а трета, воедно и најмногубројна европска држава, е Швајцарија со 169 олимпијци.

Меѓународниот олимписки комитет го зголеми бројот на дисциплини на 16.

На официјалните делегации и службените лица на Игрите ќе им помагаат околу 17 илјади волонтери.

Турскиот репрезентативец во скијачки скокови 20 годишниот Фатих Арда Ипекчиоглу на првиот ден од натпреварите скокна на далечина од 79 метри и обезбеди 68,2 поени.

Германскиот репрезентативец Андреас Велингер со скокот од 103 метри обезбеди 133,5 поени, и се пласира на првото место на елиминационите скокови.По него следува Камил Сток од Полска со скок од 104 метри и 131,7 поени, и на третото место Давид Кувацки исто така од Полска со скок од 104,5 метри и 129,6 поени.

 



Слични вести