Вечерва ќе бидат познати останатите два полуфиналисти во Лигата на шампионите

Првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите ќе се одигра помеѓу Реал Мадрид и Јувентус, а вториот меч помеѓу Баерн Минхен и Севиља

Вечерва ќе бидат познати останатите два полуфиналисти во Лигата на шампионите

Денеска ќе бидат познати останатите полуфиналисти во Лигата на шампионите на УЕФА.

Вечерва во реваншот на четвртфиналето силната шпанска екипа Реал Мадрид ќе го угости италијанскиот претставник Јувентус.

На првиот меч што се одигра во Италија шпански Реал Мадрид извојува убедлива победа со резултат од 3:0 и со тоа долови голема предност за пласирање во полуфиналето. 

Во вториот четвртфинален натпревар пак германскиот претставник Баерн Минхен вечерва ќе игра против шпанската екипа Севиља.

Првиот меч го доби гостинската германска екипа Баерн Минхен со резултат од 2:1 и сега искористувајќи го и домашниот терен сака да го запише своето име во полуфиналето.

Натпреварот Баерн Минхен-Севиља ќе започне во 21:45 часот според турско време.



Слични вести