Одбојкарките на ВакифБанк во финалето на ЦЕВ Лигата на шампионите

ВакифБанк на Фајнл-фор турнирот на ЦЕВ Лигата на шампионите што се одигрува во Романија ја победи италијанската екипа Имоко Волеј со резултат од 3:2 во сетови и се пласира во финалето

Одбојкарките на ВакифБанк во финалето на ЦЕВ Лигата на шампионите

Турската женска одбојкарска екипа ВакифБанк во првиот натпревар од Фајнл-фор турнирот на ЦЕВ Лигата на шампионите ја победи италијанската екипа Имоко Волеј со резултат од 3:2 во сетови и се пласира во финалето.

Нашиот втор претставник на Фајнл-фор турнирот на ЦЕВ Лигата на шампионите Галатасарај пак изгуби од романската екипа ЦСМ Волеј Алба која воедно е и домаќин на турнирот, со резултат од 3:1 во сетови.

Денеска на вториот и последен ден од Фајнл-фор турнирот на ЦЕВ Лигата на шампионите ВакифБанк во финалето ќе игра против романската екипа ЦСМ Волеј Алба.

Натпреварот ќе започне во 19:00 часот според турско време.

Одбојкарките на Галатасарај пак за третото место ќе играат против италијанската екипа Имоко Волеј.

Натпреварот ќе започне во 16:00 часот според турско време.

Инаку, турската женска одбојкарска екипа ВакифБанк три пати едно по друго и вкупно 8 пати досега успеа да се пласира во финалето на ЦЕВ Лигата на шампионите, која инаку е куп број еден во Европа во женската одбојка.

ВакифБанк претходно во 1998, 1999, 2011, 2013, 2014, 2016 и 2017 година играше во финалето на ЦЕВ Лигата на шампионите, додека во 2011, 2013 и 2017 година го освои пехарот на ЦЕВ (Европската одбојкарска федерација).

 



Слични вести