Турските борачи освоија злато на Европското првенство

Турскиот борач Сонер Демирташ освои златен медал на Европското првенство во борење во рускиот град Каспијск.

Турските борачи освоија злато на Европското првенство

Турскиот борач Сонер Демирташ освои златен медал на Европското првенство во борење откако го победи Французинот Зелимхан Хаџиев во рускиот град Каспијск.

Ова е трето по ред злато за турскиот борач кој го победи Хаџиев во слободен стил со 2: 0 во категоријата до 70 килограми.

Демирташ по победата рече дека медалот го посветува на своето семејство.

„Татко ми го сонуваше ова кога почнував да се занимавам со борењето. Тој сакаше да ме види како шампион“, изјави Демирташ.

Златен медал на Европското првенство во борење освои уште еден турски спортист, Таха Акгул.

Акгул постигна победа над грузискиот борач Гено Петриашвили со 2:1 во слободен стил, во категоријата до 125 килограми.

Со денешната победа, турскиот репрезентативец го освои шестото злато на Европското првенство во борење.



Слични вести