Спортистка во Шведска конвертира во Ислам

Андерсон во интервју за високо тиражниот шведски весник Афтонбладет рече дека откога го примила Исламот била пречекувана со силни реакции како во семејството така и во околината.

Спортистка во Шведска конвертира во Ислам

Ронја Андерсон голман на женскиот фудбалски клуб У19 во Шведска конвертира во Ислам.

Веста силно одекна и ја разбрани шведската јавност.

Андерсон во интервју за високо тиражниот шведски весник Афтонбладет рече дека откога го примила Исламот била пречекувана со силни реакции како во семејството така и во околината.

„Тие ме навредуваа, беа полни со предрасуди кон мене,но јас им реков дека сум горда што сум Муслиманка.“рече Андерсон во интервјуто.

Таа додава: Откога станав Муслиманка забележав дека сум примила убава вера.Верувам во светата книга Курани-Ќерим и во сето тоа што таму пишува. Го запознав Аллах и ја почувствував неговата милост. Ќе се трудам да ги исполнам одредбите на Исламот и ќе постам за Рамазан.“

 

 

 

 

 

 



Слични вести