Турските каратисти на ЕП во карате во Нови Сад освоија два златни и еден сребрен медал

На 53-тото Европско првенство во карате во Нови Сад-Србија турските каратисти Серап Озчелик Арапоглу и Бурак Ујгур освоија златни медали, а Али Софуоглу сребрен медал

Турските каратисти на ЕП во карате во Нови Сад освоија два златни и еден сребрен медал

На третиот ден од 53-тото Европско првенство во карате кое што продолжува во Србија турските каратисти освоија два златни и еден сребрен медал.

На првенството кое се одржува во Нови Сад турските каратисти Серап Озчелик Арапоглу и Бурак Ујгур освоија златни медали.

Седрап Озчелик Арапоглу во дисциплината кумити за жени во категорија до 50 килограми во финалето играше против австриската каратистка Бетина Планк и мечот во регуларното време заврши нерешено 1:1. Потоа со одлука на судијата ја порази својата противничка со 5:0 и по четврти пат стана европска шампионка.

Во дисциплината кумити за мажи во категорија до 67 килограми пак турскиот каратист Бурак Ујгур во финалето играше против српскиот каратист Стефан Јокшиќ. Регуларното време и на овој меч заврши нерешено 2:2 по што првиот поен го освои Бурак Ујгур кој по втори пат едно по друго стана европски шампион.

Во дисциплината ката поединечно за мажи турскиот каратист Али Софуоглу во финалето играше против шпанскиот каратист Хуго Дамиан Куинтеро од кого изгуби со резултат од 4:1 и го освои сребрениот медал.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган испрати телеграма со честитка до турските каратисти Серап Озчелик Арапоглу и Бурак Ујгур за освоените златни медали на 53-тото Европско првенство во карате во Нови Сад, Србија.  

 



Слични вести