Претседателот Ердоган во Лондон ги прими фудбалерите Џенк Тосун, Месут Озил и Илкај Ѓундоган

Фудбалерот Илкај Ѓундоган игра во Манчестер Сити, Џенк Тосун во Евертон, Месут Озил во Арсенал

Претседателот Ердоган во Лондон ги прими фудбалерите Џенк Тосун, Месут Озил и Илкај Ѓундоган

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган ги прими турските фудбалери Џенк Тосун, Месут Озил и Илкај Ѓундоган кои играат во англиската Премиер лига.

Претседателот Ердоган продолжува со средбите во Лондон каде што престојува во официјална посета.

На приемот на турските фудбалери што беше одржан во еден хотел во Лондон кој беше затворен за печатот, фудбалерите Тозун, Озил и Ѓундоган на претседателот Ердоган му подарија по еден дрес со потпис.

Фудбалерите Илкај и Месут годинава на Светското првенство во Русија се очекува да играат во германската репрезентација.

Фудбалерот Илкај Ѓундоган игра во Манчестер Сити, Џенк Тосун во Евертон, Месут Озил во Арсенал.



Слични вести