СП 2018: Египет-Уругвај 0:1, Мароко-Иран 0:1, Португалија-Шпанија 3:3

Вчера, вториот ден од Светското првенство во фудбал 2018 во Русија се одиграа три натпревари и беа добиени следните резултати: Египет-Уругвај 0:1, Мароко-Иран 0:1, Португалија-Шпанија 3:3

СП 2018: Египет-Уругвај 0:1, Мароко-Иран 0:1, Португалија-Шпанија 3:3

Вчера. вториот ден од Светското првенство во фудбал чиј домаќин е Русија во вториот натпревар во групата „А“ играа Египет и Уругвај.

Египет на СП учествуваше за прв пат по изминати 28 години, додека Уругвај два пати досега го има освоено пехарот.

Натпреварот до 90-сетата минута продолжи нерешено 0:0, меѓутоа во последната минута од натпреварот Уругвај со голот на Хозе Хименез го совлада Египет со 1:0.

Светски познатиот фудбалер на Египет Мохамед Салах кој на одиграниот финален натпревар во Лигата на шампионите на УЕФА во дуел со фудбалерот на Реал Мадрид Серџио Рамос беше повреден поради тоа што не успеа во потполна смисла да оздраве од оваа повреда не играше и го следеше натпреварот од резервната клупа.

Вчера се одигра и првиот натпревар од групата „Б“ помеѓу Мароко и Иран.

На овој натпревар Иран со постигнатиот гол во 90+5-тата минута го совлада Мароко со 1:0.

Овој натпревар го водеше турскиот судија Џунејт Чакир.

Вчера последниот натпревар од Светското првенство во фудбал во Русија се одигра синоќа помеѓу Португалија и Шпанија.

Натпреварот заврши со нерешен резултат од 3:3.

Головите за Шпанија ги постигнаа Диего Коста (2) и Начо, додека сите три гола за Португалија пристигнаа од светската ѕвезда на фудбалот Кристијано Роналдо кој постигна хет-трик. 

Светската фудбалска ѕвезда на портигалската репрезентација Кристијано Роналдо го запиша своето име во историјата како четврти фудбалер кој успеа да постигне гол на Светските првенства четири пати по ред.

Со овој хет-трик Роналдо исто така бројот на досега постигнатите хет-трикови во својата фудбалска кариера во клубовите и во репрезентацијата го зголемо на 51, односно досега 51 пат има постигнато хет-трик.

Освен тоа Роналдо кој има наполнето 33 години и 130 дена стана најстар фудбалер кој постигна хет-трик во историјата на мундијалот. 

Денеска ќе се одиграат уште три натпревари во Светското првенство во фудбал чиј домаќин е Русија.

Програмата на натпреварите кои што ќе се одиграат денеска на 16 јуни сабота, третиот ден од СП 2018 гласи вака:

16:00 часот според турско време Франција-Австралија (Казан Арена - Казан)

19:00 часот спроед турско време Аргентина-Исланд (Мордовиа Арена - Саранск)

22:00 часот според турско време Хрватска-Нигерија (Стадионот во Калининград - Калининград)

 

 

 



Слични вести