Роналдо го собои рекордот на Пушкаш

Португалската ѕвезда со 85 голови на СП го собори легендарниот рекорд на унгарската легенда Ференц Пушкаш од 84 голови

Роналдо го собои рекордот на Пушкаш

Кристијано Роналдо со 4 гола на 2 натпревари во името на фудбалската репрезентација на Португалија на Светското првенство во Русија покажа извонреден старт и гледано од аспект на европските фудбалски репрезентации се стекна со титулата на најдобар стрелец и голгетер на Европа.

Португалската ѕвезда која на првиот натпревар во групата против Шпанија 3 пати ја затресе мрежата на голот на противникот и г постигна првиот гол на натпреварот против Мароко, со 85 голови на СП го собори легендарниот рекорд на унгарската легенда Ференц Пушкаш од 84 голови.

Гледано од аспект на европските фудбалски репрезентации, по Роналдо и Пушкаш, со 75 голови на трето место се најде унгарскиот фудбалер Шандор Кочиш, до 71 гол Германецот Мирослав Клозе.

По иранскиот фудбалер Али Даеи кој со дресот на националната репрезентација има постигнато најмногу голови и тоа дури 109, Роналдо важи за втор најдобар стрелец кој исто така со дресот на националната репрезентација постигна најмногу голови.

Сите 4 голови на досегашните два натпревари што ги одигра Португалија на СП ги постигна Кристијано Роналдо.

5 португалски фудбалери кои играат во Супер лигата и Спорт Тото Супер лигата на Турција излегоа на натпреварот меѓу Португалија и Мароко.

Португалските фудбалери Пепе кој игра во Бешикташ, Јоунес Белханда кој игра во Галатасарај, Набил Дирар кој игра во Фенербахче, Мануел да Коста кој игра во Медипол Башакшехир и Халид Боутаиб кој игра во Евкур Јени Малатјаспор излегоа во првите 11 на натпреварот.

Рикардо Кварежма кој игра во Бешикташ и Бето кој игра во Ѓозтепе чекаа меѓу резервните играчи.



Слични вести