Денес ќе биде определен најголемиот во фудбалот на светот

Финалниот натпревар на СП во фудбал ФИФА 2018 ќе се одигра во 18.00 часот според турско време на стадионот Лужники во Москва

Денес ќе биде определен најголемиот во фудбалот на светот

Во рамките на Светското првенство во фудбал Русија 2018 на Меѓународната фудбалска федерација ФИФА, репрезентацијата на Белгија синоќа ја совлада Англија со резултат од 2 – 0 и го освои третото место.

Шампионот на СП на ФИФА 2018 ќе биде определен по вечерниот финален натпревар меѓу репрезентациите на Хрватска и Франција.

Натпреварот ќе се одигра во 18.00 часот според турско време на стадионот Лужники во Москва.

Главен судија на натпреварот ќе биде Нестор Питана од Фудбалската федерација на Аргентина. Негови помошници ќе бидат Хернан Маидана и Хуан Белати исто така од Аргентина.

Франција по трет пат ќе игра финале на СП во фудбал.

Претходно Французите во 1998 година првпат го освоија купот на СП, поради што овој пат имаат големи амбиции и цел и сакаат купот да го освојат по втор пат.

Додека Хрватска која првпат ќе игра финале, со освојувањето на купот сакаат да влезат во историјата.



Слични вести