Галатасарај со убедлива победа над Локомотив Москва со 3:0 во Лигата на Шампионите
Галатасарај на одиграниот прв натпревар во својата група „Д“ од Лигата на шампионите синоќа извојува убедлива победа над руски Локомотив Москва со 3:0





Турскиот фудбалски претставник Галатасарај на синоќешниот прв одигран натпревар во својата група „Д“ од Лигата на шампионите го победи руски Локомотив Москва со убедлив резултат од 3:0.
Со оваа извојувана победа Галатасарај со освоени 3 поени се најде на лидерската позиција во својата елиминациона група.
Жолто-црвените фудбалери на одиграниот натпревар на стадионот Турк Телеком во Истанбул мечот го започнаа одлично.
Во 9-тата минута од натпреварот со изведениот напад од левото крило Родригез шутираше силно и го постигна првиот гол за Галатасарај.
Првото полувреме заврши со 1:0 за Галатасарај.
Во второто полувреме фудбалерите на Галатасарај повторно со одлична игра успеаја да ја зголемат разликата.
Во 67-мата минута Емре Акбаба со извонредниот дриблинг надвор од казнениот простор на Локомотив Москва беше сопрен со фаул и судијата пресуди слободен удар.
Ерен Дердијок шутираше одлично и го постигна вториот гол за Галатасарај.
Резултатот беше 2:0.
Во 87-мата минута фудбалерот на Галатасарај Н'Диаје од втор жолт картон доби црвен картон, но и покрај тоа нападите на Галатасарај не престанаа.
Во 90+3-тата минута Емре Акбаба беше сопрен со фаул во казнениот простор и судијата пресуди пенал.
Пеналот го изведе Селчук Инан и го постигна третиот гол за Галатасарај со што натпреварот заврши со убедлива победа од 3:0.
Головите за жолто-црвената екипа ги постигнаа Родригез, Ерен Дердијок и Селчук Инан.
Со оваа убедливо извојувана победа Галатасарај се сврати на арената на Лигата на шампионите во која како последно учествуваше во сезоната 2015-2016 година.