Галатасарај совладан од Порто

Галатасарај остана на 3, додека поените на Порто се зголемија на 4

Галатасарај совладан од Порто

Во рамките на елиминационите натпревари на УЕФА Лигата на шампиони, турскиот ФК Галатасарај на вториот натпревар во Д групата играше против португалски Порто.

На натпреварот што се одигра на стадионот Драгао во Порто, Галатасарај беше совладан со резултат од 1-0.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Марега во 49-та минута.

Со овој резултат, Галатасарај остана на 3, додека поените на Порто се зголемија на 4.

На другиот натпревар во групата Шалке 04 во гости ја совлада руската екипа Локомотива Москва со резултат од 1-0 и бројот на поени го зголеми на 4.

Рускиот претставник нема поени.

Галатасарај третиот натпревар во групата ќе го одигра на 24 октомври против Шалке 04.



Слични вести