Хабиб Нурмагомедов го победи Ирецот Конор МекГрегор и ја одбрани УФЦ титулата

Рускиот борач од Дагестан Хабиб Нурмагомедов го победи својот ирски противник Конор МекГрегор во четвртата рунда со технички нокаут и го одбрани својот појас во УФЦ лигата

Хабиб Нурмагомедов го победи Ирецот Конор МекГрегор и ја одбрани УФЦ титулата

На мечот за УФЦ титулата во лесна категорија во мешани боречки вештини рускиот борач од Дагестан Хабиб Нурмагомедов го победи својот ирски противник Конор МекГрегор во четвртата рунда со технички нокаут и го одбрани својот појас во УФЦ лигата.

По мечот Нурмагомедов скокна од рингот и дојде до визичка пресметка меѓу него и екипата на МекГрегор од чија страна беше вербално нападнат.

По инцидентот кој што прерасна во тепачка интервенираа одговорните за безбедност и полицијата.

По мечот, дагестанскиот мајстор на мешани боречки вештини (ММА) Хабиб Нурмагомедов во врска со инцидентот рече: „Конор МекГрегор ја навреди мојата религија, ја навреди мојата земја, го навреди мојот татко. Дојде во Бруклин и го распарчи мојот автобус. Никој не може да упатува навреди против религијата, земјата на друг.“

Од друга страна, претседателот за мешани боречки вештини (ММА) Дана Вајт по инцидентот изјави дека е поведена истрага против дагестанскиот борач Хабиб Нурмагомедов.

По добиениот меч народот во Дагестан излезе на улиците и ја славеше оваа победа на Нурмагомедов.

Светскиот шампион во лесна категорија во мешани боречки вештини (ММА) Хабиб Нурмагомедов е роден во 1988 година во Република Дагестан во составот на Руската Федерација.

Мајсторот на мешани боречки вештини (ММА) Хабиб Нурмагомедов на досега одиграните 27 мечеви нема доживеано ниту еден пораз.

 



Слични вести