Галатасарај изгуби во гости од Шалке 04 со 2:0

Галатасарај на одиграниот синоќешен натпревар во Групата „Д“ во Лигата на шампионите беше поразен од германски Шалке 04 со резултат од 2:0

Галатасарај изгуби во гости од Шалке 04 со 2:0

Турскиот фудбалски претставник Галатасарај синоќа во натпреварите од Групата „Д“ во Лигата на шампионите играше против германски Шалке 04.

Натпреварот се одигра на стадионот АуфШалке во градот Гелсенкиршен.

Домашната екипа Шалке 04 веднаш на почетокот на мечот искористувајќи ја грешката на голманот на Галатасарај Муслера премина во водство од 1:0.

Потоа и покрај обидите на Галатасарај првото полувреме заврши со резултат од 1:0.

Во второто полувреме во 57-мата минута од натпреварот германската екипа постигна уште еден гол.

Со погодокот на Марк Утх разликата се зголеми на два гола.

Потоа до крајот немаше друг гол и мечот заврши со резултат од 2:0 за домашната екипа Шалка 04.

Со овој резултат Галатасарај остана на 4 поени во Групата „Д“, додека Шалке 04 го зголеми бројот на своите поени на 8 и го зачува второто место. 

Португалски Порто на свој терен го победи руски Локомотив Москва со резултта од 4:1 и со досега 10 освоени поени го продолжи водството во групата.

 



Слични вести