Переира кој беше избркан од Фенербахче, во Кина освои шампионска титула

Переира со шампионската титула ја оконча седумгодишната шампионска серија на Гуангжу Евергранде

Переира кој беше избркан од Фенербахче, во Кина освои шампионска титула

Поранешниот технички селектор на Фенербахче Витор Переира на само една недела пред завршувањето на Супер лигата на Кина со екипата на Шангај СИПГ ја освои шампионската титула.

Екипата на Переира која постигна историски успех со победата над екипата на Пекинг Рехне од 2-1 ја прогласи шампионската титула.

50 годишниот технички селектор кој претходно освои шампионски титули со екипите на Порто и Олимпијакос, со селекторите Хозе Мурињо и Артур Хорге е третиот успешен португалски селектор кој во три различни земји освои шампионски титули.

Переира со шампионската титула ја оконча седумгодишната шампионска серија на Гуангжу Евергранде.

Португалскиот технички селектор во сезоната 2015-2016 беше именуван за селектор на екипата на Фенербахче но поради  неуспехот, ги одвоија патиштата.

Во екипата на второпласираниот Гуангжу Евергранде игра поранешната ѕвезда на Бешикташ Андерсон Талиска.



Слични вести