Странски печат 06.12.2017

Кус осврт на странскиот печат

Странски печат   06.12.2017

Британската новинска агенцикја Ројтерс во веста под наслов „ Ердоган: Турција може да ги прекине дипломатските односи со Израел“ истакнува дека претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган предупреди дека во случај САД да го признаат Ерусалим за главен град на Израел Турсија ќе ги прекине односите со Израел. Ердоган додаде дека оваа ситуација ќе биде црвената линија за муслиманите. Ердоган рече:Почитуван Трамп донесување на една ваква одлука и тоа во време кога раните на Палестинците сеуште крварат претставува прекршување на меѓународното право и непочитување на човековите права.. Оваа ситуација може да резултира со нарушување на односите на Турција со Израел.Ердоган ги повика САД да се воздржи од одлуки кои уште повеќе ќе ги задлабочат состојбите во регионот.

Иранската новинска агенција МЕХР во веста под наслов „ Калин :Загрижува американската одлука за преместување на нивната амбасада во Ерусалим“ истакнува дека портпаролот на претседателството Ибрахим Калин изјавил дека Загрижува американската одлука за преместување на нивната амбасада во Ерусалим. Калин преку својот Твитер профил го истаскнал следното : Зо голема загриженост ги следиме вестите за тоа дека САД се подготвува да ја исели својата  амбасада од Тел Авив во Ерусалим.Оваа одлука доколку се оствари е во целосна спротивност со верскиот и историскиот идентитет на Ерусалим , со меѓународните норми. Истата негативно ќе се одрази на блискоисточниот мировен процес, ќе предизвика нови тензии ,така да се надеваме дека САД нема да направат една ваква смртоносна грешка.

Радиото Глас на Русија од Москва во веста под наслов „ Министерот Чавушоглу на состанок на НАТО во Брисел“ известува дека турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Брисел зеде учество на министерскиот самит на НАТО.Чавушоглу во Брисел ќе има средба со својот американки колега Рекс Тилерсон со кого се очекува да води разговор за проблемот околу американското вооружување на терористичката организација ЈПГ/ПЈД во Сирија.Чавушоглу во Брисел ќе се состана и со грчкиот колега Никос Коѕијас.

Радиото Глас на Америка од Вашингтон во веста под наслов „  Турска конференција во Вашингтон“ истакнува дека во организација на Мидл Ист Институтот во Вашингтон се приреди 8. конференција за Турција на тема „Турција меѓу Русија и Западот“. Предавач на конференцијата беше Џонатан Кохен помошник потсекретар во американскиот секретаријат за надворешни работи.

 



Слични вести