Странски печат 09.02.2018

Кус осврт на странските медијуми и нивните вести за Турција

Странски печат 09.02.2018

Иран, новинска агенција Фарс: Хамид Риза Ираки директор на Иранската национална нафтена компанија изјави дека е надминато недоразборањето околу плаќањето на заостанатиот долг на Турција за продадениот гас.

Франција АФП : Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган кој отпатува во официјална посета на Ватикан одржа средба со поглаварот на Римокатоличката Црква Папата Франциско.

Грузија Интерпресњуз : Претседателот Бинали Јилдирим рече дека цел на воената операција Маслиново гранче е заштита на националната безбедност на Турција.

САД Туркиш-Американ  Њуз портал: Во споредба со 2016 година вкупното производство на автомобили во Турција минатата 2017 година забележа раст од 13 посто и беа произведени 1.674 000 автомобили, што претставува досегашен рекорд.

САД Глас на Америка: Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу: Поддршката која Америка ја дава на терористичката организација ЈПГ е како отров за целиот регион.

Германија,Глас на Германија : Потпретседател на владата и портпарол Бекир Боздаг рече дека дипломатските односи со Холандија не се прекинати.

САД Глас на Америка: Порака од Турција до САД: Секој со униформа на терористи ќе биде на наш удар.

Крим новинска агенција КХА : Со вкупно освоени 512 медали во борење на сите меѓународни натпревари Турција влезе на списокот на земји со најмногу освоени медали.

Германија,новинска агенција ДПА: Европската унија го покани претседателот Реџеп Тајип Ердоган на самитот во Варна на 26 март годинава.

САД Новинска агенција АП : Претседателот Реџеп Тајип Ердоган на седница на парламентарната група на неговата партија го повика САД да ги повлече војниците од Мунбич.

Германија : Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека со американскиот колега Рекс Тилерсон за време на неговата посета на Анкара отворено ќе зборуваме заамериканската поддршка на терористичката организација ПЈД.

Крим новинска агенција КХА : претседателот на Турција и претседателот на Русија Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин остварија телефонски разговор посветен на ситуациите во Идлиб и Африн во Сирија.

Иран новинска агенција Фарс: Претседателот на Иран Хасан Рохани изјави дека унапредувањето на односите со Турција е важен сегмент од иранската надворешна политика.

Иран новинска агенција Фарс: Претседателите на Турција и на Узбекистан во остварениот телефонски разговор беа на мислење дека постои потреба од унапредување на сестаните односи меѓу Анкара и Ташкент.

 



Слични вести