Странски печат 11.05.2018

Кус осврт на странските средства за информирање

Странски печат 11.05.2018

Британски Ројтерс: Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се закани дека доколку САД го усвои предлогот за стопирање на продажбата на оружје за Турција,Турција ќе се одмазди.

Американско-турски веб портал: Портпаролот на Претседателството на Турција Ибрахим Калин рече дека Курани Ќерим не е табла за пишување и бришење.

Иранска новинска агенција ИРНА: Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу :„Ерусалим не е осамен и угнетениот палестински народ нема да биде осамен пред теророт на израелската држава.“

СНН Интернешнл: Претседателот Реџеп Тајип Ердоган: ЕУ без Турција како полноправна членка е осудена да биде некомплетна.

Руски Спутник : Процентот на руските туристи во Анталија во првите 4 месеци од 2018 се покачи за 59 посто.

Американско-турски веб портал : Премиерот Бинали Јилдирим рече дека чувствуваат загриженост за иднината на Европската унија.

Јапонската новинска агенција Кјодо:Турција вложува 39 милиони евра во изградбата на железничката инфраструктура.

Американско-турски веб портал :Туркиш ерлајнс во следните 6 години ќе додаде 207 авиони на својата флота.

Руски Спутник: Вице премиерот на Турција Мехмет Шимшек рече дека бранувањата на финансиските пазари се од минлив карактер.

Кримска новинска агенција КХА: Турција смета дека повлекувањето на САД од нуклеарниот договор со Иран од 2015 претставува несреќна одлука.

ББС сервис на турски јазик: Младиот турски тенор Џан Ѓувем операта ја пренесе на  плоштадите во Италија.

 



Слични вести