Странски печат 29.06.2018

Еве ги позначајните вести посветени на Турција за кои што известуваат странските средства за информирање...

Странски печат 29.06.2018

Француската новинска агенција „АФП“: Рускиот претседател Владимир Путин изрази задоволство од  како што рече „големиот политички авторитет“ на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по неговиот реизбор за претседател.

Јапонскиот телевизиски канал НХК: Повторниот избор на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во значајна мера ќе влијае на ситуацијата на Блискиот исток.

Радиото глас на Русија: Продолжуваат да пристигнуваат пораки со честитки од светските лидери до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој е повторно избран.

Американскиот меѓународен информативен канал „СНН“: Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја прогласи својата победа на изборите во Турција.

Германскиот интернет портал „Дојче Веле“: Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонскиот разговор со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган му честита за успехот на изборите.

Американскиот меѓународен информативен канал „СНН“: На дополнителниот данок на САД пристигна одмазда од Турција.

Кримската новинска агенција „КХА“: Турција почесен гостин на Фестивалот на месецот за читање на писателите (АРМ) кој што ќе се одржи во периодот од 5 јули до 4 август во Украина.

Рускиот интернет портал „Спутник“: Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција посакува Украина да стои цврсто на своите нозе.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Турција истакна дека Европската унија (ЕУ) не е праведна кон Анкара.

Иранската новинска агенција „Фарс“: Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган нема да направи отстапка пред САД во однос на ракетните системи за противвоздушна одбрана С-400.

Американскиот меѓународен информативен канал „СНН“: Започна летната сезона на „Плажата Кент Парк“ т.ј. „Плажата на градскиот парк“ во градот Ескишехир која секоја година дочекува илјадници посетители и се оценува како море во средината на степата.

 



Слични вести