Странски печат 12.10.2018

Еве го освртот на позначајните информации кои беа објавени во странските средства за информирање посветени на Турција

Странски печат 12.10.2018

Радиото Гласот на Русија ја објавува  реакцијата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во врска со тактиката на одложување на процесот на пристапувањето на Турција во ЕУ кој обраќајќи им се на земјите членки рече: Доколку ќе не примите тогаш дајте ни некои знаци, а ако не не примите тогаш тоа кажете го отворено. Ниту нас не не заморувајте ниту ние да не ве заморуваме вас. Вие по својот, ние по нашиот пат да продолжиме.

Француската новинска агенција АФП истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган уште еднаш изврши притисок врз Ријад да ги најдат видеоснимките на кои може да се види дека новинарот Кашикчи навистина излегол од зградата на генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул предупредувајќи дека Турција нема да остане индиферентна наспроти овој настан.

Германската агенција ДПА во веста под наслов Турција и Саудиска Арабија заедно ќе го истражат случајот на исчезнување на саудискиот новинар Џемал Кашикчи во Истанбул ја објавува изјавата на портпаролот на претседателството на РТ  Ибрахим Калин кој рече дека ќе се формира заедничка група која случајот ќе го обелодени во сите детали.

Германски Франкфуртер Алгемајне цајтунг во веста под наслов „ММФ изнесе прогноза според која Турција во 2018 и 2019 година се очекува да постигне економски раст од 4 насто“ меѓудругото истакнува дека Германија се очекува да постигне раст од 1,9 насто, додека Франција раст од 1,6 насто.

Британски Ројтерс истакна дека во среда Министерството за одбрана на Турција соопшти дека согласно минатомесечната средба на лидерите во Сочи и договорот што беше постигнат, во Идлиб во Сирија беше формирана зона без оружје и се повлече тешкото оружје од областа.

Иранската официјална новинска агенција ИРНА истакна дека во градот Маку во близината на границата меѓу Иран и Турција ќе се формира индустриска зона за заедничко производство со Турција.

Иранската ИСНА ја објави изјавата на секретарот на Иранско-турскиот партнерски трговски совет Сејит Џелал Ибрахими кој рече дека постои можност за формирање заедничка банка меѓу Иран и Турција со цел да се зголеми и олесни трговскиот обем меѓу двете земји.

Американската новинска агенција Асошиетед прес (АП) ја објавува изјавата на министерот за надворешни работи на Турција Мевљут Чавушоглу кој рече дека повторно ќе се отворат конзулатите на Турција во ирачките градови Басра и Мосул и дека во тие рамки ќе се развијат добрососедските, економски и трговски односи меѓу двете земји.

Азербејџански Тренд ја објави изјавата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во врска со американскиот свештеник Ендрју Брансон кој се држи во притвор и рече дека САД треба да имаат респект кон турската правда.

Азербејџанскиот народен весник (Халк) ја објавува изјавата на претседателот на Големото национално собрание на Турција Бинали ЈИлдирим кој рече дека доколку Ерменија сака стабилност, треба да ги коригира и подобри односите со соседните земји.

Кинескиот весник „Ксинхуа“ го објавува повикот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган од 10 октомври за водење трговија со домашните валути меѓу Африканските земји Турција, со цел да се избегнат евентуалните ризици од девизните средства и трансакции.

Грчкиот веб сајт „in.gr“ ја објавува изјавата на претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи кој изрази волја за одржува средба со лидерот на Кипарско грчкиот дел Анастасијадис веднаш по 15-ти октомври (кога привремената претставничка на генералниот секретар на ОН Џејн Хол Лут ќе го објави извештајот), а со цел да го утврдат денот на отворањето на барикадите и да одржат средба во врска со Кипар чија одговорност е заедничка.



Слични вести