Странски печат 09.11.2018

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат странските средства за информирање посветени на Турција

Странски печат 09.11.2018

Британската новинска агенција „Ројтерс“ ја објавува изјавата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој рече дека докрај ќе ги браниме правата на Турција и ТРСК во Источниот Медитеран и нема да дозволиме Јужен Кипар да фрли самостојни чекори.

Германскиот весник „Велт ам сонтаг“ истакна дека Турција постигнува голем број успеси во економијата. Додека турската лира интензивно добива на вредност, интензивно опаѓа дефицитот на тековната стапка. Во Извештајот за бизнис на Светската банка Турција се изнесува како земја во раст.

Иранската новинска агенција „ИРНА“ ја објавува изјавата на министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу кој во врска со истрагата на убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи во генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул рече дека рече дека има докази кои сеуште не ги споделивме со јавноста.

Американската новинска агенција „Асошиетед прес“ (АП) ја објавува изјавата на министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу кој во врска со американските санкции врз Иран рече дека истите се нелогични и опасни.

Иранската новинска агенција ИРНА го објавува соопштението и барањето на Турција од Вашингтон за преземање поголем број конкретни иницијативи во борбата против продолженијата на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во Ирак и во Сирија.

Американската новинска агенција „Асошиетед прес“ ја објавува изјавата на министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој во врска со американскиот оглас за доделување парична награда на сите оние кои што ќе достават информации во врска со лидерите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК рече дека истото го очекуваме и за лидерите на ЈПГ која не се разликува од ПКК.

Германската медиумска куќа „Дојче веле“ ја објавува изјавата на портпаролот на претседателството на Турција Ибрахим Калин кој соопштението на САД дека ќе доделат парична награда на сите оние кои што ќе достават информации во врска со тројцата лидери на сепаратистичко-терористичката организација ПКК го оцени со зборовите: „задоцнет чин“.

Кинескиот весник „Ренмин Рибао“ истакнува дека Истанбул е со величествените историските места, мултикултурното наследство, извонредната панорама на природата е волшебен клуч кој ги привлекува туристите. Истанбул во 2017 го посетија 11 милиони посетители. Во првите осум месеци на годинава во Истанбул допатуваа над 250 илјади кинески туристи кои имаа можност да уживаат во убавините на Истанбул.



Слични вести