Странски печат 07.12.2018

Еве ги позначајните информации за кои известуваат странските средства за информирање посветени на Турција

Странски печат 07.12.2018

Француското списание „Ле поинт“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган во изјавата при посетата на Каракас изрази целосна поддршка на претседателот на Венецуела Николас Мадуро кој е изложен на острите санкции од страна на САД и сериозна економска криза.

Рускиот весник „Известија“ ја објави изјавата на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков кој рече дека Русија е подготвена да учествуваат во новиот самит за Сирија заедно со Турција, Германија и Франција и најави дека новиот самит на лидерите наскоро најверојатно ќе се одржи во Турција.

Рускиот весник „Росискаја газета“  пишува дека на портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на средбато со студенти во Москва му беше поставено прашањето зошто научил турски. На тоа Песков одговорил:  "Во Турција не ве учат само турски, туку заедно ве уччат и за културата и традицијата на оваа земја. Со учењето на јазикот, човек неминовно ја засакува оваа земја."

Германскиот информативен веб-портал „Ханделсблат“ известува дека оружјето што го произведува Турција со национални можности го привлекува меѓународно внимание. Со оружјето што го произведува, освен тоа што се ослободува од надворешната зависност, исто така станува предводничка земја од аспект на извозот.

Британскиот весник „Индепендент“ истакнува дека Јавното обвинителство на Истанбул издаде налог за апсење на Сауд ал Кахтани поранешниот советник на принцот на Саудиска Арабија Бин Селман заменик шефот на разузнавачката организација Ахмед Асири.

Француската новинска агенција „АФП“ истакнува дека дека познатиот американски актер и режисер Шон Пен пристигна во Истанбул за да сними документарен филм за убиството на Џемал ​​Кашикчи.

Австрискиот весник „Клајне цајтунг“  истакнува дека земјите на ЕУ и Европскиот парламент постигнале договор за буџетот на ЕУ за 2019 година. Весникот додава дека обезбедувањето поддршка за сириските бегалци во Турција веќе не претставува проблем.

Руската новинска агенција "Риа новости" го објави соопштението на Руското министерство за земјоделство во кое беше истакнато дека турските земјоделски производи сеуште се најбарани во руските супермаркети.

„Радиото Глас на Америка“ објави информација во која истакнува дека во посетителите на Музејот на маслиново масло Ќостем во селото Узункују во Урла кај Измир имаат можност да бидат сведоци и да уживаат во илјадагодишната авантура на  маслиновото масло поради што секој изминат ден се повеќе расте бројот на посетителите и туристи на музејот.



Слични вести