Странски печат 14.01.2019

Еве неколку од денешните наслови во странските средства за информирање...

Странски печат 14.01.2019

Интернет страницата на германскиот портал „Шпигел Онлајн“:Парламентарците на Европската унија (ЕУ) се обидуваат да ги убедат Британците да се откажат од Брегзит.

Германски „Дојче Веле“:Снег на кој му нема крај – Подрачјето на Алпите под снег.

Германскиот весник „Билд“:Највлијателниот навивач на Арсенал, Озил постави ултиматум.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Продолжуваат работите за спасување на двогодишното дете кои падна во бунар длабок 100 метри во Малага, во Шпанија.

Еден друг шпански весник „Ел Паис“: Непосакуваните деца во Шпанија: Четворицата мали мигранти ги раскажуваат своите приказни.

Кубанската новинска агенција „Пренса Латина“: Венецуелскиот претседател Николас Мадуро пред Уставот го објаснува татковинскиот план.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Отворено писмо до Французите: Макрон предлага да се подготви нов договор за нацијата.

Еден друг француски весник „Либерасјон“: Грција: Министерот за одбрана ја соопшти својата оставка пред гласањето во врска со Македонија.

Француски „Ле Монд“: Канада го прифати поднесеното барање за азил на една млада Саудијка.

Либанскиот весник „Ал Хајат“: Турција го дочека со задоволство ставот на американскиот државен секретар Помпео во врска со нејзината борба против „терористите“ во Сирија.

Дневниот арапски весник кој се објавува во Велика Британија „Ал Кудс Ал Араби“:Американскиот претседател Доналд Трамп, и се заканува економски на Турција доколку започне напад врз Курдите.

Катарски „Ал Џезира“: Благодарност до Тамим... Ердоган во соработка со Катар отвори база за одбранбена индустрија.

Информативниот портал „Туркрус“: Руската серија „Подобар од луѓето“ е купена за 1 милион долари од страна на американската платформа за емитување на филмови и телевизиски серии „Нетфликс“.

 



Слични вести