Поддршка од Велика Британија на Кипарските преговори за постигнување решение

Велика Британија која чувствува задоволство од постигнатиот напредок во последните месеци го нагласи значењето на храброто лидерство кое што го презентираат страните на островот

Поддршка од Велика Британија на Кипарските преговори за постигнување решение

Британската влада истакна дека преговорите за Кипар кои што продолжуваат во швајцарскиот град Женева претставуваат значајна прилика и дека ќе ја даде секоја поддршка која што е во нејзина можност за постигнување соодветно решение.

Според добиени информации од извори на британската влада, Велика Британија која чувствува задоволство од постигнатиот напредок во последните месеци го нагласува значењето на храброто лидерство кое што го презентираат страните на островот.

Владата им препорача на страните да бидат „конструктивни и флексибилни“ и истакна дека на тој начин би можело да се постигне соодветно решение.

Исти извори подвлекоа дека преговорите кои што се водат претставуваат значајна прилика за решение и дека британската влада ќе даде поддршка колку што ќе биде во нејзина можност.

По прашањето на посетата на британската премиерка Тереза Меј на Турција која што е испланирана за крајот на овој месец пак британската влада истакна дека Турција е значаен партнер на Обединетото Кралство во однос на голем број прашања како што се безбедноста и борбата против тероризмот.



Слични вести