ДАЕШ реализира напад во Мосул со 6 ракети Катјуша во кој загинаа 11 лица

Терористичката организација ДАЕШ истрела 6 ракети Катјуша врз маалото Ел Дубат во Мосул и животот го загубија 11 лица, додека ирачката армија ја воспостави контролата во уште четири маала во Мосул и пристигна до брегот на реката Тигар

ДАЕШ реализира напад во Мосул со 6 ракети Катјуша во кој загинаа 11 лица

Додека продолжува операцијата за спасување на градот Мосул во Ирак од терористичката организација ДАЕШ терористи истрелаа 6 ракети Катјуша врз маалото Ел Дубат и во нападот животот го загубија 11 лица.

Истреланите ракети погодија една куќа и сите загинати се членови на исто семејство.

Во меѓувреме ирачката армија ја воспостави контролата во уште четири маала и во југоисточниот дел на Мосул пристигна до брегот на реката Тигар.

Терористичката организација ДАЕШ која губи позиции ги напаѓа цивилите.

Бројот на лицата кои го напуштија градот Мосул изнесува над 173 илјади.

Ирачките армиски единици, силите Пешмерги и гардистите Ниневија од кои мнозинството го сочинуваат борци обучени од страна на турските војници во кампот Башика на 17 октомври започнаа операција за спасување на Мосул од терористичката организација ДАЕШ.



Слични вести