Рекс Тилерсон кандидат на Трамп за иден шеф на Американската дипломатија

Тилерсон прво што рече беше дека САД би требало повторно да соработуваат со претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган во врска со сириското прашање

Рекс Тилерсон кандидат на Трамп за иден шеф на Американската дипломатија

Рекс Тилерсон кандидат на Трамп за иден шеф на Американската дипломатија

Доналд Трамп кој на 20 јануари свечено ќе биде инаугуриран за претседател на САД го најави Рекс Тилерсон за иден државен секретар за надворешни работи.

Веднаш потоа Тилерсон изјави дека САД би требало повторно да соработуваат со претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган во врска со сириското прашање.Турција е наш стар НАТО сојузник,рече Тилерсон.

Тилерсон после објавувањето на неговата кандидатура за иден шеф на американската дипломатија во говорот во Комитетот за надворешни прашања во Сенатот одговараше на прашањата на сенаторите за американската надворешна политика.

На прашањето дали е точно тоа дека после граѓанската војна во Сирија САД ја загубија својата лидерска позиција на Блискиот исток,Тилерсон одговори :за да можат САД повторно да бидат влијателни на Блискиот исток ќе треба да ја обноват соработката со сојузниците и пријателите. Политиките на Турција, Русија и Иран во Сирија имаат важно место така да мислам дека би требало повторно да работиме со претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган.Турција е наш стар Нато сојузник.Турција стана загрижена од недоволното присуство на САД во регионот и се преоринетира кон Русија. Русија не е траен сојузник. Тоа треба јасно да се согледа.Сојузникот на Турција се САД,подвлече Тилерсон.

Тилерсон во продолжение ја подвлече потребата од решителна битка против терористичката ДЕАШ, како и потребата од заминување на сирискиот претседател Бешар Асад и додаде дека исто така треба да се договориме кој ќе го наследи Асад.



Слични вести