Два американски бомбардери од типот Б-1Б прелета над Корејскиот полуостров

Целта на оваа прва ноќна воена вежба беше да се покаже солидарноста меѓу САД, Јужна Кореја и Јапонија

Два американски бомбардери од типот Б-1Б прелета над Корејскиот полуостров

Два авиони бомбардери од типот Б-1Б на воздушните сили на САД прелетаа над Корејскиот полуостров.

Според соопштението кое беше објавено од страна на американската армија, двата американски бомбардери кои полетаа од Гуам, беа придружувани од борбените авиони на Јужна Кореја и Јапонија.

Целта на оваа прва ноќна воена вежба беше да се покаже солидарноста меѓу САД, Јужна Кореја и Јапонија против нуклеарната закана од Северна Кореја, беше истакнато во соопштението.

Во меѓувреме, беше изнесено тврдењето дека наводно севернокорејските хакери ги украле тајните воени документи меѓу кои се наоѓаат и воените планови на јужна Кореја и САД.

Според веста на новинската агенција Јонхап, во хакерскиот настан што се случил пред една година, 235 гигабајти воени документи биле украдени од страна на севернокорејските хакери.

Официјален Пјонгјанг ги одби тврдењата.



Слични вести