Кризата нема да влијае врз операциите на американската армија во Турција

Турција е силен коалиционен партнер и близок сојузник во НАТО

Кризата нема да влијае врз операциите на американската армија во Турција

Портпаролот на Министерство за одбрана на САД (Пентагон) полковникот Роберт Манинг рече дека кризата која што се појави по одлуките на двете земји за суспендирање на издавањето визи, нема да влијае врз операциите на американската армија во Турција.

На прес конференцијата што ја одржа во седиштето на Министерство за одбрана на САД (Пентагон) портпаролот Манинг одговараше на прашањата на новинарите.

Портпаролот Манинг рече дека Министерството за надворешни работи има подетални информации во врска со меѓусебното суспендирање на издавањето визи на граѓаните, потенцирајќи дека Турција е силен коалиционен партнер и близок сојузник во НАТО. Ја користам оваа прилика уште еднаш да потврдам дека случувањата нема да се одразат врз нашите операции и персоналот во оваа земја.

Приврзаниците на Турските вооружени сили стационирани во базата Инџирлик реализираат значајни задачи во рамките на НАТО и коалиционите сили. Операциите против ДЕАШ со кои раководиме преку базата Инџирлик и другите во Турција, продолжуваат во блиска координација и целосна поддршка на турските сојузници. Нашите заеднички и посебни операции повторно ќе продолжат со блиска координација, рече Манинг.



Слични вести