Двајца чувари на затвор во Северна Каролина загинаа во пожар

10 повредени беа итно префрлени во најблиската болница

Двајца чувари на затвор во Северна Каролина загинаа во пожар

Двајца чувари на затворот во американската држава Северна Каролина загинаа во пожарот кој беше предизвикан од страна на затворениците кои сакаа да побегнат.

Затворениците во казнено-поправниот дом Паскуотак кој се наоѓа под контрола на државната полиција во Елизабет Сити во Северна Каролина предизвикаа пожар.

Установата за јавна безбедност на Северна Каролина во соопштението по пожарот истакна дека во пожарот загинаа двајца вработени.

10 повредени беа префрлени во болница, додека веднаш по пожарот затворот беше затворен и ниту еден затвореник не можеше да побегне, беше истакнато во соопштението.

Установата за јавна безбедност меѓудругото соопшти дека во затворот со висок степен на обезбедување и високи ѕидови се наоѓаа 729 затвореници, а работат 410 лица.



Слични вести