Економијата на светот 44-2017

Енергетската димензија на односите меѓу Турција и ЕУ

Економијата на светот 44-2017

Европскиот тинк-тенк институт „Бројгел“ објави извештај под наслов „Нова стратегија за енергетската соработка меѓу ЕУ и Турција“. Гледано од аспект на насловите на поглавјата на извештајот и содржината, може да се каже дека во извештајот се потенцираат можностите за зголемување на соработката која ќе обезбеди односите меѓу Турција и ЕУ да се стекнат со нови димензии. Во извештајот се потенцира на стратешката местоположба на Турција меѓу најзначајните резерви на земен гас на Европа и светот, а тоа се регионите Блискиот Исток и Кавказ како и клучната улога на Турција во обезбедувањето на безбедноста во снабдувањето со енергија на ЕУ.

Како што е познато, Турција гледано од географски аспект има мошне големо стратешко значење во регионот. Блискоста на Турција кон Европа, која важи за еден од најголемите пазари на побарување од аспект на енергијата, секој изминат ден предизвикува Турција да стане позначајна компонента во трговијата со природен гас. Секако дека голема улога во тоа имаат проектите Транс-анадолски гасовод (ТАНАП) и Турски тек. Наведените проекти од една страна на Турција и пружаат можност гасот да се извезува преку нејзините територии, од друга страна пак обезбедува предност европските и други држави да воспостават соработка со доверлива земја која бележи стабилен економски развој.

Проектите ТАНАП и Турски тек кои ќе обезбедат проток на природниот гас од исток кон запад, исто така ќе овозможат одреден пораст на капацитетот на природниот гас кој преку Турција ќе се испорачува во Европа. Во врска со зголемувањето на овој капацитет во извештајот се истакнува дека вкупната количина на природниот гас кој ќе се испорачува преку Турција во ЕУ ќе ги задоволи побарувањата на ЕУ од 0,15 насто. Додека со пуштањето во погон на проектите ТАНАП и Турски тек, овој процент ќе се зголеми на 2,4 насто. Во тој случај, Турција освен тоа што ќе стане земја која ќе го определува текот на протокот на природниот гас во регионот, исто така со зголемувањето на капацитетот ќе ја зајакне стратешката положба.

Едно друго значајно поглавје во извештајот кое привлекува интересирање е податокот дека соработката меѓу Турција и ЕУ во гасниот и електричниот сектор, не е толку развиена како во сферата на обновливата енергија и енергетската ефикасност. Имено нема никакви причини обновливата енергија да стане една од сферите на новата соработка во билатералните односи. Во извештајот се истакнува дека голема е финансиската поддршка на Европската инвестициска банка, Европската комисија и Европската банка за обнова и развој како и другите финансиски установи и организации на проектите во сферата на обновливата енергија и енергетската ефикасност во Турција.

Во споредба со земјите членки на ЕУ, Турција од аспект на хидрауличната, геотермалната, еолската (ветерна) и сончева енергија располага со многу поповолен потенцијал, поради што стратегијата за Изворни простори за обновлива енергија (ЈЕКА) која ја определи согласно политиките за обновлива енергија, се подготвува да спроведе во дело една од најуспешните имплементации на тоа поле. Турција како земја која е доста решителна во максималното искористување на високиот потенцијал на обновлива енергија, во рамките на стратегијата за Изворни простори за обновлива енергија (ЈЕКА), во март го реализира првиот тендер за изградба на најголемата соларна електрана, додека во август тендерот за ветерна електрана.

Остварувањето на овие два проекти кои се очекува да ги интензивираат инвестициите во обновливата енергија на Турција, наиде на широк оддек како кај домашните така и странските инвеститори. Големата желба за вреднување на високиот потенцијал на обновлива енергија на Турција особено од страна на европските инвеститори може да се види во добивањето на тендерот за ветерна електрана од страна на германскиот конзорциум и партнерите. Во тој контекст да кажеме дека стратегијата за Изворни простори за обновлива енергија (ЈЕКА) допринесе ЕУ и Турција да воспостават контакт во сферата на обновливата енергија.

Едно друго значајно прашање во извештајот е освртот на допринесот на ЕУ во нуклеарната енергија на Турција. Имено по повод изградбата на проект нуклеарната централа во Аккују која се планира да започне идната година како и нуклеарната централа која се планира да се изгради во Синоп, европските инвеститори презедоа сериозни инцијативи во полето на унапредувањето  развојот на соработката. Под светлината на готовите планови и проекти, можеме да кажеме ова прашање ќе допринесе енергетскиот дијалог меѓу Турција и ЕУ да развие нова соработка и капацитетот.

На крајот да заклучиме дека сите чекори што ќе се фрлат меѓу Турција како земја која важи за една од најзначајните и критични земји во регионот и ЕУ во својство на најголем пазар на енергетски побарувања во светот, освен тоа што ќе ја зајакне меѓусебната соработка, исто така ќе одигра значајна улога во постигнувањето на предвидените цели за стекнување со централна улога во сферата на енергијата.



Слични вести