Блискиот исток низ призмата на Турција 47/2017

Јемен во сенката на наследнички војни

Блискиот исток низ призмата на Турција 47/2017

Граѓанската војна во Јемен која започна во септември 2014 година со нападите на Хуси бунтовниците на владините објекти навлезе во третата година носејќи ја со себе најголемата и најдлабоката светска криза во последните неколку години. Денес наша тема ќе биде токму граѓанската војна во Јемен а ќе имаме коментар на проф.др. Џемил Догач Ипек предавач на катедрата за меѓународни односи на Универзитетот Ататурк.

Хуси бунтовниците во Јемен кои се поддржани од Иран се појавија на сцената во 2014 година со нападите на владините личности и објекти во главниот град Сана,предизвикувајќи граѓанска војна во земјата.Се до тој датум Јемен беше под власта на легално избраниот претседател Мансур Хади,кој беше приморан да избега и да бара засолниште во Саудиска Арабија.

Инаку Хуси движењето во Јемен егзистира многу поодамна,а на сцената се појави откако во Сирија пламна граѓанската војна, Хусите беа вид одсјај на  граѓанската војна во Сирија. Хусите инаку Шиити се поддржани од Иран, а Саудиска Арабија ги поддржува актуелните сунитски власти во Сана. Саудиска Арабија води војна против шиитите и ја добива поддршката на Египет, Судан, Пакистан, Мароко и останатите муслимански држави . Јеменската криза за кусо време се претвори во регионална. Силите на коалицијата против Хусите шиити,предводени од Саудиска Арабија се гледаат себеси како браник пред експанзијата на шиитското влијание на африканскиот континент.

Сепак судирите во Јемен не се резултат само на битката за превласт меѓу овие актери. Во Јемен активно делуваат Ел Каиде и ДЕАШ, но и сунитски родовски заедници кои се борат против бунтовниците шиити Хусите.

Сепак арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија како и отпорот на локалните сили не беа доволни за да го запрат ширењето на Хусите во поголемиот дел од земјата.

Деновиве во светот растат реакциите против Иран особено поради тоа што се случува во Јемен. ОН и голем број земји сеуште на владата на Хади гледаат како на легитимна влада на Јемен. За жал сите обиди за примирје во Јемен завршија со неуспех. Минатите неколку недели неколку ракети на Хусите беа истрелани на Ријад. За среќа саудиските ракетно одбранбени системи ги пресретнаа и ги уништија во воздух. Сето тоа покажува колкави се димензиите на војната за наследство меѓу Саудиска   Арабија и Иран.

Скоро во сите анализи посветени на ова прашање евидентен е впечатокот дека Иран преку своето влијание врз Хусите во Јемен настојува да го прошири своето влијание во Саудиска Арабија. Ова настојување покажува дека,Иран ги користи секташките судири како средство за пазарење в о регионот.

Едно друго прашање во сета оваа ситуација е состојбата на граѓаните во Јемен. Во земјата живее 27 милионско население од кои 17 милиони имаат потреба од хуманитарна помош. Земјата се бори со недостаток од храна и лекови за разни заразни болести. Во Јемен од април годинава владее епидемија на колера од која починаа над 3000 лица.

Епидемијата на колера мошне брзо се шири бидејќи во Јемен нема безбедна инфраструктура, како што се водоводи и канализации. Во целата земја се чувствува недостаток од вода за пиење ,недостаток од храна и недостаток од средства за хигиена. Скоро ниту една светска хуманитарна организација не испратила помош за населението во Јемен од страв поради граѓанската војна.

Сепак Турција изминатите месеци организира хуманитарна акција „Биди надеж“ за собирање на помош за жителите на Јемен. Акцијата беше реализирана на барање на претседателот Реџеп Тајип Ердоган,така да беа собрани разни видови на прехрамбени продукти во вредност од 20 милиони долари и испратени до Јемен.

Факт е дека безмилосната битка за проширување на влијанието што го водат регионалните земји во Јемен,најмногу му штети на самиот јеменски народ. Јемен се бори со страшни маки кои долго ќе се памтат.



Слични вести