Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин ќе отпатува во посета на Кина

Лидерите на Јужна Кореја и Кина, освен билатералните односи, ќе разменат мислења и во врска со состојбата на Корејскиот полуостров

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин ќе отпатува во посета на Кина

На покана на кинескиот претседател Кси Јингпинг, јужнокорејскиот претседател Мун Јае-ин од 13 до 16 декември 2017 ќе престојува во официјална посета на оваа земја.

Според веста на агенцијата ЦРИ, во писменото соопштение кое беше објавено од страна на кабинетот на претседателот на Јужна Кореја, беше изразена надеж дека посетата ќе овозможи извонредна прилика за што поскоро нормализирање на комуникациите и соработката меѓу двете земји.

Портпаролот на кабинетот на претседателот на Јужна Кореја Парк Су Хјун на прес конференцијата во врска со претстојната посета рече дека претседателот Мун Јае-ин во рамките на посетата и средбата со кинескиот лидер, освен билатералните односи, ќе разменат мислења и во врска со состојбата на Корејскиот полуостров.



Слични вести