Околу 800 британски државјани се вклучени во редовите на ДЕАШ во Ирак и во Сирија

Британскиот министер за одбрана, Гевин Вилијамсон, истакна дека не треба да им се дозволи на британските државјани што се вклучиле во редовите на терористичката организација ДЕАШ да се вратат во земјата

Околу 800 британски државјани се вклучени во редовите на ДЕАШ во Ирак и во Сирија

Британскиот министер за одбрана, Гевин Вилијамсон, истакна дека не треба да им се дозволи на британските државјани што се вклучиле во редовите на терористичката организација ДЕАШ да се вратат во земјата, и додаде дека неговиот избор е уништување на терористите.

Вилијамсон во своето интервју објавено во весникот Дејли мејл, истакна дека најмалку 800 британски државјани се вклучени во редовите на ДЕАШ во Ирак и во Сирија, и информираше дека 130 лица загинале во судирите.

„Не треба да се дозволи ниту еден терорист да се врати во оваа земја, било тој да е од оваа земја или од друга“, истакна Вилијамсон, и рече дека треба да се направи сѐ за да се елиминира оваа закана.

Британскиот министер посочи дека ниту во странство нема да биде безбедно за Британците кои се вклучиле во ДЕАШ.

„Многу едноставно, мислам дека убиен терорист не може да ѝ нанесе штета на Британија“, додаде британскиот министер за одбрана, Гевин Вилијамсон.

Инаку Ендрју Паркер шефот на британски МИ5 имаше изјавено дека британците кои се приклучиле на ДЕАШ при враќањето во земјата поминуваат низ тестирање за ризичност.

Паркер додаде дека МИ5 ги истражува над 3000'те илјади сомнителни лица , и дека тоа го прави со само 4000 лица како персонал што како што рече е сосема недоволно.

 

 



Слични вести