Руските војници се повлекуваат од Африн

Десетици руски воени полицајци кои излегоа од Африн пристигнаа во подрачјата Нубул и Зехра

Руските војници се повлекуваат од Африн

Додека трае одбројувањето за воена операција на Турските вооружени сили против терористичката организација ПЈД/ПКК во Африн во Сирија, руските војници почнаа да се повлекуваат од подрачјето.

Според веста на Агенцијата Анадолија која се заснова доверливи извори, руските воени полицајци кои беа стационирани во близината на селото Кефер Џенне почнаа да се повлекуваат во групи.

Десетици руски воени полицајци кои излегоа од Африн пристигнаа во подрачјата Нубул и Зехра кои се наоѓаат под контрола на силите на режимот на Бешар Асад.

Дел од руските воени полицајци сеуште се наоѓаат во Африн.



Слични вести