ЈПГ е „милиција на ПКК во Сирија" и настојува да основа „автономен регион"

Во извештајот поднесен до американскиот Конгрес од страна на Директорот на националната разузнавачка служба на САД , Даниел Коутс, се наведува дека ЈПГ е милициска сила на ПКК во Сирија.

ЈПГ е „милиција на ПКК во Сирија" и настојува да основа „автономен регион"

Во извештајот поднесен до американскиот Конгрес од страна на Директорот на националната разузнавачка служба на САД , Даниел Коутс, се наведува дека ЈПГ е милициска сила на ПКК во Сирија.

Директорот на националната разузнавачка служба на САД на сесијата на разузнавачкиот комитет во Сенатот го претстави извештајот насловен „Процена на глобалната закана од страна на Американската разузнавачка заедница“.

Во делот на извештајот за Сирија се наведува дека „ЈПГ, кој е милициска сила на ПКК во Сирија, се стреми кон еден вид автономна структура, но ќе се соочи со отпорот на Турција, Русија и Иран“.

Во извештајот јасно се нагласува дека ЈПГ е огранок на ПКК во Сирија. Привлече внимние и она што се вели дека организацијата е во потрага на формирање на еден вид автономна структура. Во последниот период, откриени се бројни докази околу поддршката на САД за терористичката организација ПЈД/ПКК.

На веб страницата на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) минатиот месец беше наведено дека ПЈД/ПКК е меѓу „терористичките организации во Сирија со странски извор“.

Според тоа, ЦИА го призна ПКК како терористичка организација, а со тоа и Салих Муслим како лидер на огранокот на ПКК во Сирија.

Портпаролката на американскиот Стејт департмент, Хедер Нојерт, на брифингот за медиумите минатата недела директно го употребуваше изразот ПКК кога зборуваше за елементите на ПЈД/ПКК во Африн, додека привлече внимание и тоа што американскиот Стејт департмент не го негираше тоа.



Слични вести