17 лица загинале во оружан напад  на  средно училиште во САД

Напаѓачот поранешен ученик на гимназијата во Бровард Николас Круз минатата година поради дисциплинска мерка бил отпишан од училиштето.

17 лица загинале во оружан напад  на  средно училиште во САД

17 лица загинале во оружан напад  на  средно училиште во САД.

Повеќемина ранети се третираат од повредите здобиени за време на пукањето во средното училиште „Стоунман Даглас“ во  Бровард, во американската сојузна држава Флорида.

Локалните медиуми објавија дека можно е бројот на повредените да изнесува околу 20 лица.

Од канцеларијата на шерифот на Твитер беше напишано дека локалните претставници се наоѓаат на местото на настанот, и дека  ФБИ покрена постапка за случајот.

Упатени се апели до жителите да го избегнуваат тоа подрачје.

На снимките од местото на настанот се гледаат учениците како излегуваат во мали групи од средното училиште, пред кое има големо присуство на полиција.

Напаѓачот поранешен ученик на гимназијата во Бровард Николас Круз минатата година поради дисциплинска мерка бил отпишан од училиштето.

Полицијата соопшти дека Круз пукал и убил 12 лица внатре во училиштето и дека на излегување пукал и на учениците во дворот и на случајните минувачи на улица.

Круз сосема ладнокрвно пукал на учениците со пушка од типот АР- 15

Во соопштението на Белата куќа се вели дека претседателот Доналд Трамп е запознат со ситуацијата.Претсдателот Трамп преку Твитер  порача : Се молиме за душите за загинатите и изразуваме сочувство до нивните земејства. Ниту еден ученик или учител не треба да се почувствува небезбедно во американските училишта. 

 



Слични вести