Денес во Минхен започнува безбедносниот самит

Денес во Минхен Германија започнува безбедносниот самит како еден од главните светски платформи на кои што се разгледуваат  глобални и регионални безбедносни прашања и проблеми.

Денес во Минхен започнува безбедносниот самит

Денес во Минхен Германија започнува безбедносниот самит како еден од главните светски платформи на кои што се разгледуваат  глобални и регионални безбедносни прашања и проблеми.

Годинава самитот се приредува по 54.пат и истиот ќе трае до 18 февруари.

На самитот учество најавија 21 претседател на држава и на влада и над 80 министри за надворешни работи ,како и генерални директори на глобални светски компании, академици, истакнати личности од јавниот живот, се на се некаде околу 600.

Турција на глобалниот самит за безбедноста во Минхен ќе ја претстави владина делегација предводена од премиерот Бинали Јилдирим, а во која се вклучени министрите за надворешни работи и за одбрана Мевлут Чавушоглу и Нуретин Џаникли.

Теми за кои ќе се дебатира на тридневниот  54.безбедносен самит ќе бидат, надворешни прашања, безбедност, трансатлантскиот сојуз, разоружување, одбрана, Сирија, идината на ЕУ, односите на ЕУ со САД и со Русија, Блискиот исток, влошување на односите меѓу земјите од Персискиот залив, кибер безбедноста и нуклеарниот спор со Северна Кореја.

Премиерот Бинали Јилдлрим ќе поднесе излагање за миграциите од Сирија, за борба против тероризмот и безбедносни прашања кои потекнуваат од војната во Сирија, а воено ќе одржи низа средби останатите учесници на самитот.

 



Слични вести