Израел ја прогласи за „терористичка организација“ медиумската агенција „Elia For Media“

Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман преку својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша дека медиумската агенција по име „Elia For Media“ во Источен Ерусалим е прогласена за „терористичка организација“

Израел ја прогласи за „терористичка организација“ медиумската агенција „Elia For Media“

Израел ја прогласи за „терористичка организација“ медиумската агенција по име „Elia For Media“ во окупираниот Источен Ерусалим.

Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман преку својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша дека медиумската агенција по име „Elia For Media“ во Источен Ерусалим е прогласена за „терористичка организација“.

Либерман наведе дека ваквата одлука е донесена по информациите со кои што се стекнала израелската служба за внатрешно разузнавање Шин Бет во однос на тоа дека и покрај тоа што оваа медиумска агенција на изглед работи како младински центар ги обучува младите за тероризам и му дава поддршка на тероризмот.

Од друга страна функционери на медиумската агенција за која станува збор истакнаа дека немаат информации по ова прашање.

На интернет страницата на агенцијата се вели дека истата има за цел да овозможи зголемување на способностите на младите во Ерусалим, зајакнување на нивната национална култруа и совест и пружање можност за нивно усовршување.

Директорот на медиумската агенција „Elia For Media“ претходно неколкупати беше притворен од страна на израелската полиција.

Израел во изминатите години донесе забрана за делување и затвори десетици медиумски агенции во Источен Ерусалим.



Слични вести