Министрите за надворешни земји на Г7 го осудија нападот со нервен гас врз Сергеј Скрипал

Министрите во заедничката декларација истакнаа дека го прифаќаат американското соопштение во кое беше изнесено дека одговорноста за нападот припаѓа на Русија

Министрите за надворешни земји на Г7 го осудија нападот со нервен гас врз Сергеј Скрипал

Министрите за надворешни работи на најразвиените економски земји Г7 го осудија нападот со нервен гас врз поранешниот руски агент Сергеј Скрипал и ќерка му Јулија на 4 март во британскиот град Солсбери.

Од Министерството за надворешни работи на канада беше објавено заедничко соопштение во името на министрите за надворешни работи на земјите членки на Г7 и претставникот на ЕУ.

Министрите за надворешни работи на Г7 во заедничката декларација истакнаа дека го прифаќаат американското соопштение во кое беше изнесено дека одговорноста за нападот припаѓа на Русија.

Исто така го осудуваме неуспешното прифаќање на легитимните барања кои уште повеќе ја поткрепуваат одговорноста на руската влада. Затоа под итно ја повикуваме Русија да даде одговор на сите прашања во врска со настанот во Солсбери.

Во соопштението меѓудругото беше истакнато дека тоа беше прв напад со нервен гас во Европа по Втората светска војна.

Употребата на хемиско оружје од страна на една држава претставува отворено прекршување на меѓународното право и закана за сите. Во продолжение на соопштението беше потенцирано и следното:

Г7 дава гаранција дека ќе го заштити и меѓународниот систем согласно правилата и ќе направи се што треба за да се развие. Загриженоста потекнува од интервенциите врз демократските системи на земјите како и неодговорното однесување и криење во позадината на дестабилизирачки руски модел на донесување.

Ја повикуваме Русија да ги исполни обврските предвидени со Конвенцијата за хемиско оружје и одговорноста како постојана земја членка на СБ на ОН за обезбедување на меѓународниот мир и безбедност.

GГ ќе продолжи со зајакнувањето на вештините во сајбер безбедноста, стратешката комуникација и контраразузнавањето како и хибридните закани. Со задоволство ги прифаќаме националните активности за намалување на руските непријателски разузнавачки активности и колективната безбедност, беше истакнато во соопштението на Г7.



Слични вести